За мене

Во мојот случај, мојот избор на професија беше неизбежен и очигледен, бидејќи цел живот се занимавам со луѓето и со нивното однесување, со луѓе кои имаат здравствени проблеми, со различни емотивни и психички состојби, со духовни дилеми и предизвици, а покрај тоа имам внатрешна потреба и стремеж да ги разберам внатрешните механизми на човечките суштества. Почувствував потреба да се посветам на личниот развој на луѓето, на нивно исцелување и осознавање, да им помогнам да ги надминат сопствените тешкотии, да преземат одговорност за сопствениот живот и будење, а со тоа да бидат наградени со промена и континуирана трансформација кон личниот идеал. За еден коуч или исцелител, ова претставува најголемо достигнување и сатисфакција.

- Мисија и Визија

- Поле на работа